Инѕаги уверува: Не ни е гајле што ќе направи Милан до крајот на сезоната

Интер и Милан водат мртва трка за титулата во Серија А. Двата великани од Милано се раздвоени со два бода, и тоа во корист на Милан.

Интер денеска го дочекува Емполи, каде што важи за огромен фаворит, додека Милан во недела ќе има незгодно гостување кај Верона.

„Нам не ни е гајле што ќе направи Милан до крајот на сезоната. Едноставно, се фокусираме на нашите натпревари, каде што ќе гледаме да дадеме максимум и да победиме.

Емполи знае да биде незгоден, а добро е познато дека во модерниот фудбал ако не одиграш добро, тогаш ќе бидете казнети, затоа мора многу да внимаваме и да одиграме 120 отсто од нашите можности за да победиме“, изјави Инѕаги.

До крајот на сезоната во Серија А има уште три натпревари.

- Оглас -

Најнови вести