Инѕаги: „Во Саудиска Арабија не сум поради парите, не планирам да се вратам во Италија“

Италијанскиот тренер Симоне Инзаги јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти Ал Хилал, и покрај шпекулациите дека би можел да го наследи Џенаро Гатузо на клупата на репрезентацијата на Италија.

Во интервју за италијански медиум, Инзаги нагласи дека е задоволен од одлуката да ја напушти Италија и да се пресели во Саудиска Арабија:
„Поласкан сум од интересот, но тука ми е навистина добро. Имам уште една година договор и не размислувам за заминување.“

Иако заработува околу 27 милиони евра годишно, поранешниот тренер на Интер истакна дека парите не биле главната причина за трансферот. Според него, по интензивниот и стресен период во Серија А, му бил потребен поопуштен амбиент.

Инзаги додаде дека во Саудиска Арабија пронашол идеален баланс помеѓу врвен фудбал и помирен живот, што се гледа и во резултатите – без ниту еден пораз во 38 натпревари (30 победи и 8 нерешени).

Тој се осврна и на кризата во италијанскиот фудбал, особено поради фактот што репрезентацијата на Италија третпат по ред нема да игра на Светско првенство:
„Тоа многу ме растажува. Јас сум 100% Италијанец, а мојот брат Филипо Инзаги беше светски шампион. Но верувам дека италијанскиот фудбал ќе се врати на вистинскиот пат.“

Со оглед на формата и задоволството од сегашната средина, јасно е дека Симоне Инзаги засега не планира никакви промени во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести