Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, беше воодушевен од крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал.
Младиот Шпанец постигна еден гол на овој натпревар, и им правеше многу проблеми на бековите на Интер во дуелите на еден на еден, па мораа да го удвојуваат, некогаш и по тројца беа околу него.
„Ламин е талент што се појавува еднаш на 50 години и ме импресионираше. Првпат го гледам во живо. Моите момци работеа против него во парови и тројки, па остававме празнини на други места. Барем осум или девет години не сум видел ваков квалитетен играч. Ни предизвика големи проблеми. За среќа, со текот на времето и неговиот интензитет се намали“, изјави Инѕаги кој рече и дека уште не разбира зошто голот на Мхитарјан беше поништен.