Симоне Инѕаги денеска го слави 50-тиот роденден, а во роденденско интервју откри дека воопшто не размислува да биде новиот селектор на Италија. Инѕаги работи како тренер во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал и засега е задоволен од тоа што го создава таму.
„Јас да го заменам Гатузо? Поласкан сум, но подобро ми е во Саудиска Арабија. Тука ми е фантастично во секој поглед, животниот стил, спортската и останатата инфраструктура, мирот е многу важен во нашата работа, а тука го имам. Заработувачката е добра, но тука дојдов поради нешто друго. Чувствував дека треба да одморам од фудбалот на највисоко ниво како што беше случајот додека работев во Интер. Притисокот таму стана неиздржлив. Во Саудиска Арабија е поинаку“, вели Инѕаги кој веќе 10 години равботи како тренер. Почна во Лацио каде беше од 2016 до 2021 година, а пото замина во Интер каде остана до 2025 година.
Инѕаги додава дека го гледал мечот против Босна и Херцеговина и дека како и секој Италијанец бил разочаран.
„Жал ми е што Италија не се пласира на СП 2026. Јас сум Италијанец, а мојот брат во 2006 година го освои Светското првенство. Сигурен сум дека за брзо време италијанскиот фудбал ќе се врати таму каде што припаѓа“, заклучи Инѕаги.

