Интернационалниот олимписки комитет потврди дека каратето ќе го нема на листата на спортови за следните Летни олимписки игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година.
Каратето дебитираше како олимписки спорт во Токио, но ќе биде изоставено од програмата во Париз, веројатно и на ЛОИ во Лос Анџелес во 2028 година. Иако имаше апели од повеќе страни, каратето кое го тренираат милиони лица низ светот, нема да биде олимписки спорт. Од ИОК сметаат дека новите спортови како брејкденс, спортско качување, скејтбординг и сурфање се поинтересни за младите.
Ова е лоша вест и за македонските каратисти кои се надеваа дека може да се појават во Париз. Во Токио, Македонија во каратето беше претставена од Пуликсенија Јованоска која настапи во кати.