Манчестер јунајтед одигра само 1-1 на дебито на Рубен Аморим против Ипсвич на гостински терен. „Црвените ѓаволи“ тргнаа одлично и дојдоа во водство уште во втората минута преку Рашфорд, но Хачисон во 43-тата минута израмни на 1-1, што на крајот се покажа и конечен резултат на овој натпревар.
Манчестер јунајтед после 12-тото коло во Премиер лигата останува на 12-тата позиција и далеку од врвот.