Кон крајот на минатиот месец светските медиуми објавија дека специјалните единици на иранската полиција во неговиот го уапсиле Али Даеи, легендарниот ирански фудбалер и до неодамна најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, а денеска пристигнуваат нови застрашувачки вести, дека е осуден на смрт.
Азербејџанскиот „Репорт“ денеска објави дека Али Даеи бил осуден на смрт заедно со уште 15 илјади луѓе. Оваа вест засега не е потврдена од иранските медиуми или власти, но веста ја пренесоа повеќе светски медиуми, повикувајќи се на „Репорт“.
Даеи беше уапсен откако учествуваше во антидржавни протести кои започнаа по смртта на 22-годишната девојка, Махса Амини. Таа во септември беше приведена од „полицијата за морал“ поради неносење хиџаб и извесно време помина во притвор, а потоа по ослободувањето почина во болница во Техеран, очигледно како резултат на тортура и тепање.
Во повеќе градови беа организирани протести, а последиците за учесниците станаа катастрофални.
Според информациите на иранската организација за човекови права и на Амнести интернешенел, иранските специјални сили од почетокот на ноември убиле повеќе од 300 луѓе, а голем број од нив се уапсени, меѓу кои и најдобриот фудбалер на Иран на сите времиња.
Али Даеи до неодамна беше рекордер по бројот на постигнати голови во репрезентативниот дрес со 109 гола на 149 настапи за Иран, а имаше и одлична клупска кариера. Покрај иранските клубови, неколку години играше и во Бундеслигата, за Арминија, Баерн и Херта.
Веднаш по појавувањето на веста за смртната пресуда, Баерн веднаш испрати итен апел до иранската амбасада во Германија и германската амбасада во Иран, со цел да дознае во каква состојба се нивните поранешни фудбалери Али Карими и Али Даеи.
Иранските власти во 2020 година го погубија 27-годишниот поранешен олимписки борач Навид Афкари, откако претходно го обвинија за убиство за време на антидржавните протести во 2018 година. а