Иран преку пенал-рулетот си закажа четвртфинална пресметка со Јапонија

Селекцијата на Иран е последен четвртфиналист на Азискиот куп на нациите кој се игра во Катар, откако по подобро изведување на пенали со 5:3 ја совлада Сирија.

Сите фудбалери на Иран беа прецизни во пенал-рулетот, Ансарифард, Резаејан, Ебрахими, Тораби и Хајсафи го совладаа сирискиот голман Маданија Ахмад. Трагичар кај Сиријците беше Фахд Јусеф, кој не погоди во втората серија.

https://twitter.com/i/status/1752768806143905890

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а во последните моменти од регуларниот дел црвен картон доби најдобриот играч на Иран, Мехди Тареми.

Токму Тареми во 34-тата минута од пенал го отвори резултатот, а Сиријците израмнија во 64-тата минута преку Хрибин, исто така од пенал.

Иран во четвртфиналето на Азискиот куп на нациите ќе игра против Јапонија, која со 3:1 беше подобра од Бахреин.

- Оглас -

Најнови вести