-4.2 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Иран со официјална жалба до ФИФА, стравуваат дека нема да добијат визи за во САД

Фудбалскиот сојуз на Иран и официјално поднесе жалба до ФИФА, стравувајќи дека дел од нивните репрезентативци и членови на стручниот штаб нема да добијат визи за влез во САД за Светското првенство 2030.

Претседателот на ФС на Иран веќе беше одбиен за американска виза и не присуствуваше на ждрепката за Мундијалот, а сега одбиен е и помошниот тренер на репрезентацијата. Сепак, стравувањата на Иранците се поврзани со Националната револуционерна гарда, која од страна на властите во САД е прогласена за терористичка организација, а дел од репрезентативците служеле токму во оваа воена формација.

Меѓу загрозените е и капитенот на репрезентацијата на Иран, напаѓачот на грчки Олимпијакос, Мехди Тареми, кој бил дел од Националната револуционерна гарда.

Со кусо соопштение се огласи и американскиот Стејт департмент, од каде велат: „Секое барање за виза се разгледува поединечно, по внимателна проценка и безбедноста проверка, во склад со американските закони“.

- Оглас -

Најнови вести