Иранка се преправа во машко, за да може да влезе на стадион

Речиси 40 години трае забраната за жените да присуствуваат на фудбалски натпревари на стадионите во таа земја, но една девојка по име Зеинаб, најде начин како да ги изигра законите. Таа се маскира во маж, и влегува на стадион без проблем.

Зеинаб живее во Ахваз, кој е на 15 часа патување со воз од Техеран, но тоа за неа не е проблем, бидејќи меракот да го гледа омилениот тим Персеполис, е многу голем. Таа ризикува, бидејќи може да биде уапсена и да заврши во затвор, но страста кон фудбалот и одлучноста ги поместуваат границите.

Во Иран полека попуштаат на притисокот, па владата донесе одлука дека може да се оди на стадион, но само како пар, маж со жена, а никако жената да биде сама.

Фотографиите од Зеинаб ги направила истотака една жена, која се преправила во маж и така добила дозвола да влезе на стадион. За нив е понижувачки да ставаат вештачка брада, и да ги замотаат градите за да изгледаат како мажи, но некогаш целта ги оправдува средствата.

 

- Оглас -

Најнови вести