Иранка се самозапали поради забраната за влез на стадион

Откако не ја пуштија да влезе на стадион затоа што е жена, Иранката Сахар Ходајари својот протест реши да го искаже со самозапалување. Сахар знаеше дека може да заврши во затвор од 6 месеци до две години и од страв реши „да си ги скрати маките“ со тоа што жива ќе се запали.

Таа се облекуваше како маж и така влегуваше на стадион, но ја открија и ја уапсија во март под обвинение дека непримерно носи хиџаб. По три дена ја пуштија со платена кауција и тогаш беше закажно судење.

„Сината девојка“, како што ја нарекуваа Сахар, која навиваше за техерански клуб кој има сини дресови, во болница им подлегна на повредите откако пред суд се самозапали.

Во Иран всушност и нема закон со кој се забранува влезот на жени на фудбалски мечеви, но таа забрана строго се спроведува и мислењето е дека нема што да бараат жените на стадион. Само за време на СП во Русија им беше дозволено на жените да одат на стадион, кога се организираше заедничко гледање на натпреварите.

 

- Оглас -

Најнови вести