Иранките покажаа дека го сакаат фудбалот

На натпреварот од финалето на Азиската лига на шампиони, помеѓу Персеполис и Кашима антлерс, на трибините имаше и неколку стотини жени. Овој потег веројатно значи крај на 37-годишната забрана за присуство на жени на стадионите во Иран.

И ФИФА работи со Иран на укинување на забраната, се укажува на предностите на либеризацијата, но нема да оди лесно. Минатиот месец, имаше жени и на пријателскиот меч помеѓу Иран и Боливија, но рестрикциите брзо повторно беа воведени.

Во март годинава, 35 жени се уапсени за обид за влез на стадион за да го гледаат дуелот на Персеполис и Естеглал. Од исламската револуција во 1979 година, на Иранките многу ретко им се дозволува да присуствуваат на спортски настани, а на фудбалски мечеви не смеат да влезат од 1981 наваму.

Кашима ја освои титулата, поддршката од Иранките не му помогна доволно на Персеполис, но половите бариери полека се уриваат.

- Оглас -

Најнови вести