Иранскиот Хулк е подготвен за првата борба (Фото)

Саџад Гариби, кој е познат како иранскиот Хулк, е човек со илјадници следбеници на социјалните мрежи, а сега тој најави дека за првпат ќе се појави во ринг и ќе се бори на крвавиот БКФЦ шампионатот (Bare Knuckle Fighting Championship), каде што борците се тепаат без заштитни ракавици. Овој човек е висок 180 сантиметри, а има 175 килограми и делува како огромниот филмски лик Хулк.

https://www.instagram.com/p/BeqX6H6jkva/?utm_source=ig_web_copy_link

Настанот на кој ќе учествува џинот Гариби ќе се одржи во декември, во Германија. Засега не се знае неговиот противник, но кој и да биде, тоа ќе биде спектакл. Гариби го следат 500.000 луѓе на „Инстаграм“, каде што тој често објавува свои фотографии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести