Кристијано Роналдо добил неверојатна казна од Иран. Според повеќе медиуми, властите во таа земја го казниле Роналдо со 99 удари со камшик. Оваа казна би се активирала во оној момент кога Португалецот повторно ќе посака да влезе во оваа земја.
Ваквата страшна казна за Роналдо дојде по неговиот престој во Иран заедно со неговиот тим Ал-Наср, кога играа против Персеполис во рамките од Лигата на шампионите во Азија.
Додека беше во Иран, Роналдо се сретна со познатата сликарка Фатеме Хамамами Настрабади. За време на таа посета, Роналдо ја прегрна, а потоа и ја бакна сликарката на главата, а според законите во Иран, тоа е строго забрането.
Според законот во Иран, тоа е „илегална врска“ и затоа Роналдо е казнет со 99 удари со камшик.