Играше за Сити и англиската репрезентација, а сега е банкрот: Ќе се „вади“ во Саудиска Арабија

Некогашната ѕвезда на Манчестер сити и на репрезентацијата на Англија, Тревер Синклер и официјално прогласи банкрот поради даночниот долг поради кој заврши на суд.

Синклер со години играше во англиската Премиер лига и тоа за екипите на Манчестер сити, Квинс Парк Ренџерс и Вест хем. По завршување на активното играње, Синклер работеше како стручен коментатор. Токму за тој период не плаќал данок. На суд заврши поради 42.000 данок кои требало да ги плати за време на неговото работење како коментатор во периодот од 2021 и 2022 година.

На синклер му е наредено да најде пари или да пронајде алтернативен начин да го подмири долгот. Екс репрезентативецот не се појавил на суд, па во негово отсуство Судот прогласил дека банкротирал, а одлуката е дека Синклер едноставно нема како да го плати долгот.

Претходно, во Окружниот суд во Лондон, Синклер бил информиран дека должи значителна сума пари на даночната управа откако починал неговиот сметководител.

Адвокатот на Синклер, Роберт Ли, претходно изјави дека поранешниот фудбалер работи во медиумите и моментално прифаќа понуда за работа од Саудиска Арабија, што ќе ги реши неговите финансиски проблеми предизвикани од затајување данок.

Синклер одигра 12 натпревари за репрезентацијата на Англија во текот на својата кариера, вклучувајќи четири на Светското првенство во 2002 година. Тој го постигна голот на годината во 1997 година за КПР против Барнсли. Тој гол од „ножички“ многумина го сметаат за најубав во историјата на ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести