Ирец кој освои олимписко злато во пливање, како дете глумел во „Игра на троновите“

Даниел Вифен го освои златото на 800 метри во пливање и стана прв Ирец кој станал олимписки првак во пливање и прв ирски спортист воопшто кој поставил олимписки рекорд.

Актуелниот светски шампион на пливање во далечина, како и на 1.500 метри, ја покажа супериорноста на 800 метри, а интересно е дека како дете Даниел глумел во серијата „Игра на тронови“.

Малкумина можат да се пофалат дека биле на снимањето на една од најлегендарните епизоди од серијата: „Дождовите на Кастамер“, која го отсликува она што се случи на Црвената свадба.

„Навистина не знаев ништо за „Игра на тронови“ кога бев помлад. Моите родители не ми дозволуваа да го гледам, но претпоставувам дека татко ми го гледаше цело време, а потоа сестра ми Елизабет доби навистина добра улога, таа беше една од ќерките Фреј“, се сеќава Вифен.

Кога дојде време да се снима сцената за „Црвената свадба“, биле потребни многу статисти и таму влегле Даниел и неговиот брат близнак Нејтан.

„Во нашата сцена, бевме во дневната соба, седевме на долните скали, кога влегоа Старковите“, раскажува Вифен.

Епизодата беше премиерно прикажана на 2 јуни 2013 година, а снимена е две години пред тоа.

Сега Даниел Вифен повторно се појави на екраните ширум светот, како пливач, а не ја исклучува можноста ако добијам понуда за улога во некоја серија, повторно да глуми.

 

- Оглас -

Најнови вести