Ирска комбинација од фудбал и бокс – Голман се степа со противнички навивачи, па го спасуваа од ќотек (Видео)

Куп мечот во Северна Ирска меѓу Воренпоинт и Балимена го добија гостите со победа од 2:1 за пласман во четвртфиналето, а при обидот на навивачите да го прослават успехот дојде до масовна тепачка.

Во центарот на вниманието беше домашниот голман, кој влета во групата на навивачи на Балимена, кои беа веднаш зад неговиот гол и почна да се тепа со нив. На крајот го извлекуваа соиграчите и го спасија од поголем ќотек.

Воренпоинт загуби со 1:2 и испадна, а нивниот голман за среќа мина без сериозни последици во тепачката со навивачите на Балимена.

- Оглас -

Најнови вести