Ирски навивачи во стилот на Мората и Родри, скандирале „Гибралтар е шпански“

Извиците „Гибралтар е шпански“ кои беа искажани од играчите и навивачите на шпанскиот национален тим, синоќа ги повторија и фановите на ирскиот клуб Шелбурн, при гостувањето кај Сент Џозефс на Гибралтар во меч од квалификациите во Конференциската лига.

Ирските навивачи го испровоцираа својот ривал и успеаја.

Според локални медиуми, фудбалската федерација на Гибралтар е „запрепастена, но не и изненадена“ од она што се случи на натпреварот. Портпаролот рече дека „ова го покажува неприфатливиот и одвратниот ефект на она што се случи во понеделникот во Мадрид“, во врска со скандирањата на играчи како Мората и Родри во прославата за титулата во Еврокупот.

Веруваат дека делегатот на УЕФА ќе ги вклучи овие неприфатливи скандирања во својот извештај и дека ќе има казна за Шелбурн.

- Оглас -

Најнови вести