Вчерашната ждрепка во Брисел ги даде групите за сите четири сегменти во Лига на нации. Во третата група од Б сегментот, ждрепката сакаше да бидат селекциите на Република Ирска, Австрија, Израел и Косово. Интересно е дека пред само неколку месеци, односно во ноември 2025 година, Фудбалската федеација на Ирска (ФАИ), од УЕФА побара на репрезентацијата на Израел да ѝ се забрани учество на меѓународна сцена.
Ова барање беше отфрлено и Израел продолжува да биде дел од сите натпреварувања под капата на ФИФА и УЕФА, па затоа и ќе биде дел од следното издание на Лига на нации.
Токму затоа, челниците на ФАИ и УЕФА имале состанок, по што било решено Ирска сепак да ги одигра двата меча против Израел во Лига на нации.
„Сите во Федерацијата сме свесни дека според прописите на УЕФА, доколку одбиеме да одиграме некој меч, автоматски ќе го загубиме, но ќе следува и дополнителни дисциплински мерки за нас. Тука во опција е и тоа да бидеме дисквалификувани од ова натпреварување“, стои во соопштението од ФАИ.

