Весела математика на Ирците – Номинираа 25-годишен фудбалер за најдобар млад играч (Фото)

Фудбалската асоцијација на Република Ирска, ФАИ, направи голема утка со номинација на 25-годишен фудбалер во изборот за најдобар млад играч на земјата.

Играчот на англискиот клуб Престон, Алан Брауни е еден од тројцата предложени кандидати за наградата најталентиран фудбалер што потекнува од Република Ирска.

Малку е повозрасен од вообичаената норма на години во изборот за најдобар млад фудбалер, а одлуката на ФАИ наиде на потсмев кај фановите на фудбалот во Република Ирска.

Патем грешката со Брауни им се случува на јубилејното 30-то издание на избор за најдобри фудбалери во земјата.

Алан одигра 43 натпревари за Престон во сезоната што неодамна заврши и во Чемпионшип лигата имаше учинок од 4 гола и три асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести