Екипата на Далас маверикс предводена од одличните Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ ја забележаа и четвртата победа во серијата против ЛА Клиперс и си закажаа конференциско полуфинале против Оклахома.
Ирвинг со 30 и Дончиќ со 28 поени беа најдобри на паркетот во победата на Далас од 114-101 над ЛА Клиперс за конечни 4-2 во серијата. Кошаркарите не Далас победата ја обезбедија со одличната трета четвртина која ја добија со 35-20, откако првото полувреме заврши нерешено, 52-52.
Кошаркарите на Орландо со победата од 103-96 на домашен терен против Кливленд се изборија за мајсторка, откако ја израмнија серијата на 3-3. Кошаркарот на гостите, Донован Мичел постигна 50 поени, повеќе од половина од вкупниот број на поени на Кливленд, но и тоа не беше доволно за победа.
Домашните дојдоа до победата во последниот период, кој го добија со 30-18, откако после три четвртини имаа негатива од 73-78.