Ирвинг искрен: Го изневерив Бостон

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Кајри Ирвинг, ова лето по две години го напушти тимот на Бостон селтикс и сега ќе ги брани боите на Бруклин нетс. За тимот од предградието на Њујорк, Ирвинг ќе игра заедно со Кевин Дурант, кој ќе ја пропушти новата сезона поради тешка повреда.

Ирвинг вчера на денот на медиумите во НБА лигата, откри зошто се одлучи да ја напушти најтрофејната франшиза, иако му беше доделена улогата на лидер во тимот.

„Имав убава конекција со момците од Бостон, минатата сезона им дадов сè што можев. Но, тоа не беше доволно, ги изневерив. Бев лидер на тимот и потфрлив да ја оправдам таа доверба. Не знаев како да го предводам овој тим, бидејќи во Бостон стигнав преку трејд, а не преку драфт. Не бев ниту психички јак. На почетокот од минатата сезона почина дедо ми, неговата смрт ми ја исцрпи целата љубов кон кошарката. Воопшто не мислев на кошарка, минував низ тежок период и не реагирав навреме, не добив адекватна терапија за да ја надминам болката во ситуација кога останав без близок човек. Никогаш претходно не сум се чувстувал толку лошо“, истакна Ирвинг.

Кајри откако го освои шампионскиот прстен со Кливленд во 2016 година, се пресели во Бостон, а сега со Бруклин ќе атакува на втора титула во својата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести