Ирвинг не се откажува од иницијативата: Коби мора да биде на амблемот на НБА

Измина повеќе од една година од трагичната хеликоптерска несреќа во која кошаркарската икона Коби Брајант загина заедно со неговата 13-годишна ќерка Џиџи, како и уште седум патници. Непосредно по трагедијата се покрена иницијатива да се смени амблемот на НБА лигата, односно Џери Вест да биде отстранет и на негово место да биде токму Коби.

Со текот на времето се стишаа гласините околу оваа иницијатива, но Кајри Ирвинг, ѕвездата на Бруклин нетс, повторно се активира и притиска да се случи оваа промена.

„Без да ги навредам останатите легендарни кошаркари кои во минатото влијаеја и ја сменија играта кон подобро, мислам дека Коби треба да биде на амблемот. Оваа генерација која денес игра вклучувајќи ме и мене, сите бевме инсписрирани и мотивирани да го достигнеме врвот и стандардот кој го постави токму Коби. Доколку јас треба да бидам гласот на оваа иницијатива, целосно ја преземам одговорноста и да, цврсто стојам на ставот дека Коби мора да биде на амблемот. Оваа игра е изградена од страна на црномурните кралеви како него“, посочи Ирвинг.

Управата на лигата еднаш ја одби оваа иницијатива, но на реакцијата на Ирвинг со сигурност ќе се приклучат уште кошаркари кои истото го посакуваат.

- Оглас -

Најнови вести