Кајри Ирвинг ќе го одбие автоматското продолжување на договорот со Бостон селтикс, па во летниот преоден рок во НБА-лигата како слободен агент ќе бара нов тим со шампионски амбиции. Според оваа опција, Ирвинг ќе заработеше 21,3 милиони долари, но тој не сака да остане во франшизата од Масачусетс, па сега се вжештуваат шпекулациите дека повторно ќе му биде соиграч на Леброн Џејмс, овојпат во тимот на ЛА лејкерс.
Celtics' Kyrie Irving is not opting into his $21.3 million deal for next season and will become a free agent eligible to sign a new contract with Boston or elsewhere, league sources tell @TheAthleticNBA @Stadium.
— Shams Charania (@ShamsCharania) June 12, 2019
Сепак, според информациите од САД, многу подобри услови може да му понудат Бруклин нетс и Њујорк никс, но со оглед дека до почетокот на преодниот рок за слободни играчи остануваат уште 18 дена, Ирвинг ќе има доволно време да ги разгледа сите опции. Исто така, кошаркарот на Селтикс постигна договор со агенцијата „Рок нејшн“, што дополнително потврдува дека е во потрага по нов клуб.
Воедно, во официјалните фан-шопови на Бостон, дресовите на Ирвинг се продаваат за половина од регуларната цена со цел да се исчисти робата која за брзо време ќе биде „стара“.