Ливерпул вечерва објави дека нивниот напаѓач Александер Исак кој има скршеница на ногата, бил успешно опериран.
На Швеѓанецот му претстои пауза од неколку месеци, па Црвените нема да седат со скрстени раце, туку планираат да купат нов напаѓач.
Според англиските медиуми, на листата на желби им се Душан Влаховиќ, Иван Тони, Александар Митровиќ и Дени Велбек.
Летска Ливерпул го купи Исак од Њукасл за 125 милиони фунти што е најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, но на Исак не му оди во новата средина, а овој малер со тешката повреда е капак.

