24.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Исак му кажа „не“ на Ал-Хилал, единствената желба е трансфер во Ливерпул

Еден од најбараните, ако не и најбараниот фудбалер ова лето е Александер Исак од Њукасл. Бројни екипи застанаа во редот за неговиот потпис, но фудбалерот има само една желба – трансфер во Ливерпул.

Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал веќе добија „корпа“ од шведскиот интернационалец, а во тоа друштво сега се најде и Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Преговорите за продолжување на договорот со Њукасл се прекинати, па „страчките“ очекуваат дека ќе добијат околу 170 милиони евра од Ливерпул за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести