Вториот гол на Чехот Шик против Шкотска, засега е без конкуренција најубав погодок на досегашниот дел од Европското првенство, но попладнево можепе да добие сериозна конкуренција, ако соло-акцијата на Швеѓанецот Александер Исак завршеше со реализација.
Исак ги измеша дефанзивците на Словачка во стилот на Диего Марадона од мечот со Англија на СП 1986 година, упати шут кон голот, но Мартин Дубравка одбрани и не дозволи да прими гол кој ќе се памети.
Ова е акцијата на Исак која вреди да се види:
https://twitter.com/i/status/1405896394515304451