17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Исак одбил нов договор со Њукасл, но клубот му порачал дека нема да го продаде

Напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, кој е главна желба на Ливерпул, оваа недела одби да потпише нов договор со актуелниот клуб.

Шведскиот фудбалер не сака повеќе да игра за Њукасл, одбива да учествува и на контролни натпревари и официјални средби, со цел што побрзо да се пресели во Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ ја очекува оваа разврска. Сепак, Њукасл одговорил жестоко. Одбиле две официјални понуди, вклучително и последната вредна 140 милиони евра, потенцијално најскапиот трансфер во летниот преоден рок. Од Њукасл му порачале на шведскиот голгетер: „Оваа година не одиш никаде“.

Во личен разговор со раководството, Исак повторно ја потврдил својата желба, дека сака да игра само за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести