Мохамед Ихатарен, големиот талент на холандскиот фудбал, во преодниот рок пред почетокот на сезоната направи трансфер од ПСВ Ајндховен во Јувентус, и тоа за сума од 1,9 милиони евра. Старата дама веднаш го даде Ихатарен на позајмица во Сампдорија, но младиот Холанѓанец уште нема дебитирано.
Ихатарен во Италија пристигна недоволно физички подготвен. Имаше пет килограми вишок, па беше ставен под посебен режин на исхрана и тренинг. По два месеци напорна работа, 19-годишниот тинејџер ги намали килограмите и влезе во потребната физичка форма.
Пред 10 дена, Мохамед побарал да замина во Холандија поради семејни причини и требало да се врати пред почетокот на викендов затоа што требало да дебитира за Сампдорија. Сепак, фудбалерот не се појавил ниту во тимот на Сампдорија.
„Не знаеме каде е. Си замина токму во моментите кога ја намали килажата и сега требаше да игра на дуелите против Калјари и Специја. Сигурно ќе играше ако беше тука“, рече тренерот на Сампдорија, Роберто Д’Аверс.
Менаџер на Ихатарен е контроверзниот Мино Рајола, кој исто така не знае каде е неговиот клиент.