Исчезна пеколната офанзива на Феникс, Дончиќ и Брансон му донесоа прва победа на Далас (Видео)

Далас маверикс и Филаделфија 76 намалија на 1:2 во плејоф сериите против Феникс санс и Мајами хит со победи на домашен терен.

Лука Дончиќ беше на прагот на трипл-дабл со 26 поени, 13 скока и 9 асистенции и одигра брилијантен меч, исто како и вториот стартен бек на Маверикс, Џејлен Брансон, кој беше најефикасен на третиот меч со 28 поени.

https://twitter.com/dallasmavs/status/1522774003928154113?s=20&t=XHOc_uBt9zbgHxmevSEgZQ

Клуч на успехот на Далас, кој победи со 103:94 беше цврстата одбрана, која се га функционираше како швајцарски часовник, откако тимот на двете гостувања во Феникс прими вкупно 250 поени.

Сопрени беа двата главни адути на Сонцата, Крис Пол и Девин Букер, кои заедно постигнаа само 30 поени.

И Филаделфија за првпат во плејоф серијата го победи Мајами хит, во меч со малку кошеви што го добија 76-те со 99:79.

Кај Филаделфија се врати Џоел Ембид по повредата на лицето и со него во составот тимот одигра многу посигурно.

Блескаа Дени Грин и Тајриз Макси со по 21 поен и приредија тројкашко шоу.

Грин ги постигна сите поени со удари за три поени, а погоди 7 од 9 шута за тројка. Макси гаѓаше 5 од 6 зад линијата за три поени, а Ембид во кам-бекот имаше дабл-дабл од 18 поени и 11 скока.

Кај Мајами, кој убедливо ги доби првите два меча на свој терен блескаше Џими Батлер со 33 поени и 9 скока, но имаше скромна поддршка од соиграчите, па Хит го претрпеа првиот пораз во серија што се игра до 4 победи во максимум 7 меча.

И на следните два натпревари Далас и Филаделфија ќе бидат домаќини.

 

 

- Оглас -

Најнови вести