Поранешниот холандски фудбалер Марк ван дер Богарт (37) исчезна на 6 јануари и оттогаш неговото семејство нема никаква информација за него.
Неговото семејство е загрижено, како и фудбаската јавност во Холандија, а во потрагата по Ван дер Богарт се вклучи и полицијата, додека на социјалните мрежи се делат фотографии со ликот на поранешниот фудбалер.
Во јавноста се огласи поранешната сопруга на Ван де Богарт која откри дека фудбалерот се борел со депресија и дека е потребно секој ден да пие лекови.
„Многу сме загрижебни за неговата ментална и физичка состојба. Марк пати од депресија и мора секој ден да пие лекови“, порача неговата поранешна сопруга.
Марк ван дер Богарт ги помина сите категории во младинската академија на Феенорд, а потоа играше и за првиот тим, за во 2005 година да се пресели во Шпанија. Таму беше дел од Севилја, а потоа играше и за Мурсија. Последните години од професионалната кариера, тој ги помина во татковината каде го носеше дресот на Дордрехт, НЕЦ и на неколку нисколигаши.

