Атлетико Мадрид нема да презими во Европа по поразот вечерва од Порто на „Драгао“ со 2:1, а домашниот тим го освои првото место во Б групата по ремито без голови меѓу Баер Леверкузен и Бриж.
Завршниот изглед на табелата е сензационален и никој не очекуваше Атлетико Мадрид да биде последен и да испадне.
Прв е Порто со 12 бода, а со него во Лигата на шампионите продолжува Бриж со 11 бода.
Баер и Атлетико имаат по пет бода, а тимот од Леверкузен има подобар меѓусебен скор и ќе игра во Лигата на Европа, додека Јорганџиите останаа со празни раце.
Во 95-тата минута Иван Маркано со автогол само го ублажи дебаклот на гостите од Шпанија.
FC PORTO 2-1 ATLÉTICO DE MADRID
⚽ 90+5' Iván Marcano (Own Goal) | (#ATM)pic.twitter.com/LzVmGu3kUU— All goals replay (@goalsreplayg) November 1, 2022
Една од причините за дебаклот се и деветте примени гола на Атлетико на шест меча, најмногу во ерата на Диего Симеоне како кормилар на тимот од 2011 година.
9 – Atletico de Madrid have conceded nine goals in the 2022/23 Champions League, their most in a group stage with Diego Simeone as manager (eight in 2020/21 and 2021/22). Painful. pic.twitter.com/h0w9JakilA
— OptaJose (@OptaJose) November 1, 2022
Симеоне е познат по својата дефанзивна стратегија, која не се покажа како добра тактика сега во ова издание на ЛШ.