Исклучување за 10 секунди: На судијата му рече дека е луд (Видео)

Атлетико Мадрид вчера не успеа да го скрши отпорот на Атлетик Билбао, па одигра само 0:0 во меч од 5. коло во шпанската Примера дивисион. Домаќините очекуваа победа, но гостите од Билбао одлично се бранеа, што донесе и нервоза во редовите на тимот од Мадрид.

Нервозата најдобро се покажа кај Жоао Феликс кој во 78 минута беше исклучен од игра. Португалецот најпрво беше опоменат со жолт картон поради удирање на противнички играч со лакт, но Феликс наместо да се смири, тој почна жестоко да го навредува судијата. Ѕвездата на Атлетико рече дека „судијата е луд“, па арбитарот Хесус Манцано веднаш му покажа втор жолт картон, што значеше и автоматско исклучување на Феликс.

За Феликс ова е прв црвен картон во клупската кариера, а го заработи за само 10 секунди откако беше санкциониран дека направил прекршок. Според правилата во Шпанија, играчот на Атлетико може да заработи суспензија и до 12 меча поради навредата упатена кон судијата.

 

- Оглас -

Најнови вести