Иско не е добар за шпанската лига, а на прагот е да направи трансфер во англиската Премиер лига

Севилја неодамна му го раскина договорот на искусниот плејмејкер Иско, кој само половина сезона остана во андалузискиот клуб откако го доведоа од Реал Мадрид.

Најзаслужен што Иско дојде во Севилја беше тренерот Хулен Лопетеги, а по заминувањето на Лопетеги, ситуацијата на Иско во Севилја се влоши. Капак беше раскинот на договорот, па сега некогашниот трофеен играч на Реал е слободен.

Има најави дека англискиот премиерлигаш е заинтересиран за Иско и веќе се почнати преговори да го донесат, а тренер на Вулверхемптон е Лопетеги, единствениот што го сака Иско во своите редови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести