Иско: Ни на крај на памет не ми е да си одам од Реал

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, ги негираше сите гласини дека ќе го напушти „кралскиот клуб“ во јануарскиот преоден рок. Репрезентативецот на Шпанија, демантира дека си оди и најавува борба за место во почетниот состав.

„Се разбира дека останувам во Реал Мадрид. Нема шанса да си одам, среќен сум во овој клуб. Секогаш сум оптимист, сакам да продолжам со освојување трофеи“ – изјави Иско кој пет години е член на Реал, а договорот му истекува во 2022 година.

Иско има проблем со довербата кај тренерот Сантијаго Солари, не се вклопува во неговата концепција и тактика, па во игра влегува само повремено, и тоа при крај на мечевите. Нервозата придонесе тој да влезе во конфликт и со дел од навивачите, па уште повеќе се засилија шпекулациите дека ќе си оди.

 

- Оглас -

Најнови вести