Некогашниот шпански репрезентативец Иско, во новата сезона ќе го носи дресот на Севилја. Офанзивниот играч за врска цели девет години беше дел од Реал Мадрид, но откако неговиот договор истече минатиот месец, тој стана слободен играч.
Реал Мадрид не сакаше да го продолжи договорот на Иско, па тоа го искористи Севилја која го доведе во своите редови и веднаш се пофали на социјалните мрежи.
Look who’s here… 🤩 pic.twitter.com/H9WZ9Liqsj
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) August 7, 2022
Иско со Реал Мадрид освои дури пет европски титули, три пати беше првак во Шпанија, а се радуваше на пехари и во Купот на Шпанија, Суперкупот на земјата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.