Искористете ја шансата – Квотите на денот во Sport Life се со рекорден коефициент

Победи на фаворитите Фенербахче, Евертон и Интер со различни комбинации на голови носат рекорден коефициент од 31.62 во денешните Квоти на денот во Sport Life.

Изборот е од стандардни три натпревари, но за денеска и коефициентите се специјални, па можете да одиграте тикет со трилингот дуели за убава квота.

Фенербахче бие битка за титулата и со победа против Анталијаспор ќе се израмни на врвот на табелата со Галатасарај и Бешикташ, па триумфот им е императив.

Озил и соиграчите мора да нападнат од самиот старт на мечот и предлог-типот во Квоти на денот е 1-1&2+, односно дека домаќините ќе имаат предност на полувремето и ќе победат на меч со минимум два гола. Коефициентот е примамлив и изнесува 2.95 во Sport Life.

Уште подобра квота има за победа на Евертон против ВБА на гости, комбинирано со 2-4 гола, или 2&2-4 со коефициент од 3.35. Карамелите се поквалитетен тим, ако ги освојат бодовите ќе бидат на четвртата позиција, што носи настап во Лигата на шампионите и тешко ќе пропуштат ваква шанса.

Интер има убав зицер за нов триумф во Серија А за да се зацврсти на првото место во Серија А. Нераѕурите и гостуваат на Парма и предлог-типот во Квоти на денот е дека ќе победат на дуел со голови во двете мрежи, или 2&ГГ со коефициент од 3.20.

Натпреварите можете да ги комбинирате со сите останати дуели од билтенот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести