Искусна новинарка го прогласи Крос за утка на Мундијалот, Германецот воопшто не играше и има урнебесен одговор

Шпанската новинарка Кристина Куберо се посрамоти со изјавата дека Тони Крос и сите германски репрезентативци се најголемите разочарувања на Мундијалот во Катар, турнир на кој фудбалерот на Реал Мадрид воопшто не играше.

Крос се прости од настапите за Германија минатата година и не беше дел од селекцијата која навистина разочара во Катар.

Дека не го напуштил духот и смисолот за хумор, Крос потврди со урнебесен одговор за Куберо.

„Знаев дека јас ќе бидам виновен“, напиша Тони на Твитер.

Претходно Куберо, кој се фали со присуство на 7 Светски првенства, пет Олимпијади, девет финалиња во ЛШ… објави на социјалните мрежи дека за неа најголемо разочарување во Катар е Винисиус јуниор од Бразил и целата германска репрезентација со Тони Крос.

 

- Оглас -

Најнови вести