Формула 1 шампионатот следната сезона ќе има една екипа повеќе, односно 11, а на стартот ќе се појават по 22-ца возачи откако беше одлучено нова екипа да биде Кадилак.
Американците денес и официјално потврдија кои ќе бидат нивните возачи во првата сезона, а како што и долго се шпекулираше, тоа ќе бидат Валтери Ботас и Серхио Перес.
Тие двајца заедно имаат 16 победи, а раководството на Кадилак сакаше искусни возачи за првата сезона, со што само потврдија дека имаат големи амбиции.