Искуството на Атлетико и германската упорност најавуваат нов лисабонски спектакл

Вечерва продолжува четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони, а ако се суди според почетокот и она што се случуваше синоќа на дуелот на Аталанта и ПСЖ, повторно треба да биде интересно. На стадионот „Жозе Алваладе“ во 21 играат Ред Бул Лајпциг и Атлетико Мадрид. Шпанците се фаворити на хартија, но тоа не мора ништо да значи.

Јорганџиите на тренерот Диего Симеоне во осминафиналето го елиминираа ланскиот првак Ливерпул и тоа им ја зголеми самодовербата, а во прилог им оди и тоа што испаднаа нивните „душмани“ Реал Мадрид и Јувентус со Кристијано Роналдо, од кои редовно губеа и испаѓаа во претходните годни.

Предноста на Атлетико е поголемото искуство, а проблем е што пред поаѓањето за Лисабон дознаа дека Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се позитивни на коронавирус, па тие нема да играат.

Лајпциг сезонава демонстрираше убав и ефикасен фудбал, лесно го елиминираше Тотенхем на Жозе Мурињо. Тренерот Јулијан Нагелсман пак против себе има одличен тренер и тактичар. Но, Црвените бикови имаат еден огромен проблем – кој ќе ја замени големата ѕвезда Тимо Вернер? Како што е познато, Вернер прејде во Челзи и веќе е во Лондон. Нема да игра и Марсел Халстенберг, кој има проблеми со грбот.

Двата тима се гладни за успех, на Атлетико не му одговара што е само еден меч, но Лајпциг како релативно нов клуб, ја гледа својата шанса за нов историски исчекор. Германските тимови се познати по упорноста, борба сигурно нема да изостане. Интересен ќе биде и дуелот на младите ѕвезди, Португалецот Жоао Феликс и Шпанецот Дани Олмо кој од Динамо Загреб прејде во Лајпциг.

Ако сте сигурни во претчувството како ќе заврши мечот, задолжително треба да се обложите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести