36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Искуството не може да се купи: Гвардиола потврди дека двете ѕвезди остануваат во Сити

Манчестер сити попладнево игра против Плимут во англискиот ФА куп, а Пеп Гвардиола во пресрет на мечот откри ексклузивна информација на средбата со новинарите. Тој најави продолжување на соработката со Илкај Гундоган и Бернардо Силва, но не можеше да го каже истото и за Кевин де Бројне.

„И понатаму сметам на Гундоган, секако и на Бернардо. Двајцата ни се потребни. За Кевин не можам да го кажам тоа. Тоа треба да го договорат тој и клубот и заедно да одлучат.“ – рече Гвардиола.

Договорот на Гундоган завршува на крајот од оваа сезона, но според каталонскиот тренер, Сити ќе ја искористи опцијата за негово продолжување, додека останувањето на Бернардо Силва значи крај на шпекулациите околу негов можен трансфер.

- Оглас -

Најнови вести