Искуството пред младоста – Њу Ингланд повторно е шампион на НФЛ

Њу Ингланд пејтриотс по шести пат е шампион на НФЛ-лигата во американски фудбал, откако во Суперболот рано утрово го совлада Лос Анџелес рамс со 13:3. Ова беше сиромашно финале, прво во 53-годишната историја само еден тачдаун, но и тоа им беше доволно на Патриотите за да си ја вратат титулата која ја освоија и во 2017 година, а лани загубија во Суперболот.

За Њу Ингланд ова е шеста титула во НФЛ, со што се изедначија со Питсбург стилерс. Квотербекот Том Брејди (41) е првиот играч со шест шампионски трофеи и најстариот што земал титула. Легендата ја игра својата 19-та сезона и има неверојатна кариера, од Пејтриотс направи династија, иако додека играше на колеџ го потценуваа и беше избран дури како 199-ти пик на драфтот. И тренерот Бил Беличик има шест титули со Пејтриотс, а осум во кариерата бидејќи има два трофеи и како дефанзивен координатор на Њујорк џајантс.

За МВП на Суперболот не е прогласен Брејди, туку примачот Џулијан Еделман, кој фати 10 фрлени додавања со севкупна должина од 141 јард. Последното фаќање во средината на последната четвртина беше клучно за единствениот тачдаун. Тачдаунот го направи Сони Мишел.

И пред 17 години, на истиот датум, Пејтриотс ги совладаа Рамс во финалето.

Ова е единствениот тачдаун на мечот:

https://twitter.com/i/status/1092250128847495168

- Оглас -

Најнови вести