Исландско чудо: Не само што победија, туку и ја понижија Франција

Исланд го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Европското првенство во ракомет, откако со 29:21 ја победи фаворизираната Франција. Дуелот кој го судеа македонските арбитри Начевски-Николов, ќе се памти, затоа што ретко кој успеал Франција вака да ја понижи на големите натпреварувања.

По стартните израмнети 4:4, Исланд со серија од 7:2 стигна до солидно водство од 11:6. Рибарите не застанаа тука, па со фуриозна игра, пред крајот на полувремето водеа со 17:9, а на пауза заминаа со водство од седум голови.

Франција ниту во второто полувреме не успеа да се врати. Водството на Исланд постојано се движеше меѓу шест и девет разлика. Дури три години Франција нема толку висок пораз. Последниот ваков неуспех им бил пред 48 меча, односно на Светското првенство во 2019 година од Данска кога загубија со 38:30.

https://twitter.com/i/status/1484950709229522951

Во последните две кола Исланд ќе игра со Црна Гора и Хрватска, со што Рибарите на големо си ја отвораат вратата кон полуфиналето во групата каде што освен Франција, се и фаворитите Данска.

- Оглас -

Најнови вести