Исланѓанецот ги фрли Хрватите во транс, ги однесе на ОИ во Париз и вети дека ќе ја научи химната

Ракометната репрезентација на Хрватска со денешната победа над Германија од 33:30 на квалифицискиот турнир за Олимписките игри, по победата на Австрија над Алжир (41:26), ги го завери пласманот на најголемиот спортски настан годинава, а Хрватите полудеа по нивниот селектор, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.

Исланѓанецот со само четири одработени тренинзи пред турнирот кој се игра во Германија, забележа две победи, над Австрија (35:29) и си ја завери олимписката виза.

Хрватските фанови и медиумите се воодушевени од Сигурдсон не само поради неговото водење на репрезентацијата туку и поради тоа што при интонирањето на химната, тој ја држи раката покрај срцето.

На хрватската јавност и порача дека сака да ја научи химната за да може да ја пее заедно со ракометарите.

„Сакам да бидам дел од екипата, дел од културата и мислам дека е добро кога се интонира химната, да се пее заедно со останатите членови на репрезентацијата и така со вистинско расположение да се влезе во натпреварот. Тоа го правев додека бев играч, а традицијата ја продолжувам и како тренер. Се обидувам да ги научам зборовите од химната“, порача Сигурдсон.

- Оглас -

Најнови вести