Исланѓанките ќе ни бидат главен ривал, ја торпедираа Турција со 36:23

Ракометарките на Исланд убедливо ја победија Турција со 36:23 и јасно е дека ќе бидат главен ривал на Македонија за пласман во квалификациите за Светското првенство следната година.

Второто полувреме беше клучно за триумфот на Исланѓанките, откако по првиот дел имаа предност од 18:14. Со брзо темпо го скршија отпорот на Турчинките во второто полувреме и славеа со убедлива разлика од 13 голови.

И утре ќе играат против Македонија во салата „Борис Трајковски“, а победникот речиси сигурно ќе го освои првото место во групата и ќе продолжи во квалификацискиот циклус на патот кон Мундијалот во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести