Џон Иснер со 2-0 (7-6, 7-6) во сетови славеше против младиот француски тенисер Феликс Ожер-Алисим во полуфиналето од турнирот во Мајами. Американецот ќе има шанса да го брани трофејот што го освои ланската сезона.
Уште од стартот се водеше тесна битка, а Феликс прв дојде до брејк за 4-3 во гемови. Иснер врати со иста мера, па мораше да се игра тајбрејк за да се одреди првиот сет. Американецот го доби тајбрејкот со 7-3, а идентична ситуација се случи и во вториот сет. Тајбрејк пак се играше, па Иснер одново го доби со 7-4.
Интересно е што Иснер до финалето стигна откако во четири од петте меча на кои победи, ги освои преку тајбрејкови.
Иснер ќе го добие противникот во финале од пресметката меѓу Федерер и Шалопалов, дуел кој е закажан точно на полноќ.