Иснер немаше шанси, Федерер во Мајами стигна до „стокец“

Роџер Федерер по четврти пат го освои турнирот во Мајами, откако во финалето беше подобар од домаќинот Џон Иснер со 2-0 (6-1, 6-4) во сетови. Швајцарецот воедно стигна до 101-та титула во кариерата, а бранителот на трофејот не можеше да издржи во последните мигови од мечот поради повреда.

Федерер ескпресно поведе со 1-0 во сетови, откако во три наврати му одзеде гем на Иснер при негов сервис. Американецот пружи повеќе отпор во продолжението и се држеше до 4-4, но болките во скочниот глужд му оневозможија да го заврши мечот како што посакува.

Федерер ја искористи втората меч топка и при тоа направи прв брејк во вториот сет. Швајцарецот претходно ја освојуваше титулата во Мајами во 2005, 2006 и 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести