Испаднаа со најубавиот гол во баражите за Светското првенство во Катар (Видео)

Демократска Република Конго испадна во финалниот бараж-двомеч од Мароко за настап на Мундијалот во Катар, а за утеха го имаат најубавиот гол во последниот филтер на ФИФА за учество на СП.

Мароко победи во реваншот со 4:1, а токму последниот гол на мечот што го постигна Бен Маланго Нгита беше ремек-дело.

Само што влезе во игра во 77-мата минута како замена за Виса, Нгита постигна фантастичен гол, единствен за ДР Конго во ревашот.

Мајсторски ја смири топката на гради и со прекрасен волеј ја затресе мрежата на Боно.

Alternate angles of Ben Malango (Congo DR) worldie against Morocco from soccer

Мароко го доби двомечот со вкупен резултат 5:2 и заедно со Сенегал, Гана, Тунис и Камерун ќе ја претставуваат Африка на Мундијалот во Катар во ноември и декември оваа година.

 

- Оглас -

Најнови вести