Ајакс дефинитивно е во редот на европски гиганти и најуспешен клуб во Европа што не игра во Топ 5 лигите. Холандскиот гигант постави нов рекорд за најскап трансфер во историјата на тамошното фудбалско првенство откако се согласи да плати 31.250.000 евра на Тотенхем за доведување на офанзивецот Стивен Бергвајн.
Интересно е дека Бергвајн започнал да тренира фудбал токму во школата на Ајакс како 12-годишно дете. По две години замина во ПСВ, каде што и дебитираше во професионалниот фудбал. Шест години го носеше дресот на ПСВ, а во 2020 година направи трансфер во Тотенхем.
По три години поминати во англискиот тим, каде што одигра 83 меча, а постигна само осум голови, Холанѓанецот се враќа во Холандија, и тоа во неговиот тим од детството.
The one thing missing… pic.twitter.com/wrpiaHHsQC
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 8, 2022
Според договорот, 24-годишниот Брегвајн ќе остане верен на Ајакс до 2027 година, а со трансферот од 31,2 милиони евра го сруши досегашниот рекорд на Себастијан Але, за кого своевремено беа платени 22,5 милиони евра. И следните два најскапи трансфери во историјата на холандскиот фудбал ги направил Ајакс, и тоа кога за Давид Нерес плати 17,4 милиони евра, а за Миралем Сулејмани беа платени 16,25 милиони евра.