Испишана историја уште на првиот ден од Австралија опен

Денеска стартуваше првиот гренд-слем турнир во годината, Отвореното првенство на Австралија, а уште на стартот се случи една сензација. Во главна улога беше квалификантот од Либан, Хади Хабиб кој е на 219 место на АТП листата.

Хабиб во Мелбурн дојде да биде дел од квалификациите каде буквално низ „иглени уши“ успеа да се избори за место на главниот турнир. Не само што се најде во првото коло, туку Хабиб успеа и да победи и тоа против Кинезот Јунчаокте Бу, кој моментално е на 65 место на АТП листата.

Либанецот одигра фантастичен меч, па иако е повеќе од 150 места послаборангиран, успеа да победи со 3:0 во сетови и тоа со 7:6 (4), 6:4 и 7:6 (6). Ова е прв пат Хабиб да игра меч од гренд-слем турнир и успеа да победи.

РЕЗУЛТАТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ МЕЧЕВИ

 

 

- Оглас -

Најнови вести